Тајсон искрено призна: Пушев, пушам и ќе пушам секој ден…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот боксер Мајк Тајсон по борбата против Рој Џонс кажа дека пред борбата конзумирал марихуана.

Тајсон во Калифорнија има ранч со марихуана и постојано ја користи, па така со пријателите месечно троши и по 40.000 долари.

На прес-конференцијата по натпреварот призна дека пушел марихуана пред да се бори против Џонс.

„Секако дека пушев. Не можев да престанам. Пушев и за време на борбите. Морам да пушам, жал ми е. Ја пушам секој ден и нема да престанам“, кажа Тајсон.

Тајсон вели дека марихуаната нема никакви последици, па поради тоа планира и во иднина да троши пари на неа.