Талентиран фудбалер на Манчестер јунајтед обвинет дека ја претепал својата девојка! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд беше обвинет од неговата девојка за насилно однесување, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии по нападот на Англичанецот.

По овие обвинувања се јави и Манчестер јунајтед со соопштение дека се запознаени со фотографиите и обвинувањата кои се појавија во врска со англискиот репрезентативец.

„За сите кои сакаат да знаат што Мејсон Гринвуд ми рпави мене“, напиша Харијет Робсон, а покрај тоа беше објавена и аудио снимка на која може да се забележи насилство.

„Манчестер јунајтед не одобрува било каков начин на насилство. Нема понатаму да ја коментираме ситуацијата додека не се заврши истрагата“, соопштија од гигантот.

Гринвуд досега за „црвените ѓаволи“ одигра 83 натпревари во Премиерлигата, а притоа постигна 22 гола.