Талески откри каков проблем има Македонија кој мора да го реши пред ЕП 2022


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот ракометар Филип Талески беше еден од најдобрите играчи на натпреварот против Израел, кој го доби Македонија со 31-28 во рамки на подготовките пред Европското првенство (ЕП).

Ракометарот на Вардар по натпреварот даде изјава за медиумите во која кажа со каков проблем се соочуваат македонските ракометари и тој мора да се реши пред почетокот на шампионатот.

„Мислам дека мора да се враќаме побрзо назад, тоа ни беше слаба точка на натпреварот. Дуелот беше турбулентен, а во нападот имавме многу технички грешки, кои мора да ги намалиме. Подготвени сме, може да трчаме, но ќе мора да вежбаме за да се враќаме побрзо во одбрана“, кажа Талески.

Македонија од 18 часот ќе се соочи против Израел во четвртиот контролен меч на подготовките, откако претходните три ги доби, а првиот натпревар на ЕП го играме против Словенија на 13 јануари.