Талески си најде нов клуб – ќе игра во Унгарија!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот ракометар Филип Талески ја продолжува својата интернационална кариера во унгарскиот шампионат, откако постигна договор со екипата на Татабања.

Левиот бек кон крајот на октомври ја заврши својата втора етапа во дресот на Вардар, ставајќи крај на настапите во македонскиот шампионат и избирајќи нов предизвик надвор од државата.

Во актуелната сезона, Татабања е дел од ЕХФ Европскиот куп.

Фото: Tatabánya Kézilabda Club