Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ботафого го воодушеви светот, а неговите клучни играчи долго време се на радар на големите европски клубови.
Највредните играчи на Трансфермаркт, но и најдобрите на теренот – стоперот Жаир Куња и напаѓачот Игор Жезус, би можеле заедно да заминат во Нотингем Форест!
Многу извори пишуваа за интересот на Форест уште пред неколку недели, а за време на ова СП стигнаа и потврди.
Жезус, кој со голот урна ПСЖ, има 24 години и е еден од најдобрите напаѓачи во Јужна Америка, и ќе биде голема конкуренција на Крис Вуд во сезоната кога ќе се игра и Лига Европа.
Куња е 20-годишен стопер, исто така блеска на овој СП, против Парижаните беше водич на одбраната, и е по вкус на Нунo Еспирито Сантo.
Како што беше откриено, Форест ќе плати 35 милиони евра за овој тандем на Ботафого, а реализацијата на трансферот е планирана по СП во САД.
Без дилеми, тандемот на Ботафого го живее својот сон – блеска на СП и потоа следуваат трансферите на кариерата…
Фотографија: Принтскрин