Таре најави заминување на Милинковиќ- Савиќ по крајот на сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре меѓу редови најави заминување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето.

За спрскиот фудбалер има интерес од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а Таре изјави дека ќе го пуштат играчот да си оди доколку тој го побара тоа.

„Желбата на играчот е клучна. Генерално, ако играчот мисли дека му е време и ако сака да оди на друго место, тоа не би требало да претставува проблем. Фактот дека тој е во Рим пет години покажува дека има силни врски со градот и клубот. Кога имаше некои примамливи понуди, никогаш не отидовме до крај. Меѓутоа за овие работи ќе зборуваме на крајот на сезоната“ –изјави Таре.