Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алфонсо Дејвис беше одличен против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампиони, каде што Баерн Минхен славеше со убедливи 8-2.
Овој 19-годишен лев бек во Баерн пристигна на почетокот на минатата година од Ванкувер како резервен фудаблер, а потоа веднаш се прилагоди на првиот тим.
Дејвис имаше за задача да го чува Лионел Меси и тоа фантастично го направи. По мечот откри дека Аргентинецот секогаш бил негов идол, па по натпреварот се слушнал со татко му и почнале да му се смеат на Меси.
„Татко ми се јави по мечот и ми кажа: Значи, играше против најомилениот фудбалер. Му одговорив потврдно и почнавме да се смееме. Не можевме да поверуваме зашто тој знае колку го следев Меси кога бев помлад“, кажа Дејвис.