Татко на млад фудбалер влегол со бејзбол палка во кампот на Рома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатни сцени се случувале во кампот на Рома, а главна улога имал таткото на напаѓачот, Џанлука Скамача.

Тој влегол во кампот на тимот од Рим во дресот на Сасуоло, со кој има договор фудбалерот и со себе носел бејзбол палка во рацете, па почнал да ги крши и автомобилите на паркингот.

Таткото успеал да оштети неколку автомобили, им викал дека му е татко на поранешниот член на младинските селекции во Рома, а потоа реагирала полицијата и го уапсила човекот.

По инцидентот кој се случил, се јави и младиот напаѓач на Џенова, кој кажа како се чувствува по потегот на татко му.

„Ме потресе информацијата кога прочитав што се случило. Не можам тоа да г објаснам. Мојот татко не живее со мајка ми долго време. Не се разведени, зашто никогаш не беа ниту венчани. Пораснав со мајка ми и сестра ми“, вели фудбалерот.