Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не се случува многу често во кој било спорт синот да биде толку успешен како неговиот татко. Клаудио Реина е еден од најдобрите американски фудбалери досега, а синоќа неговиот син Џовани се претстави во фудбалскиот свет.
Џовани Реина ги помина младинските селекции во Њујорк Сити, а момчето родено во 2002 година пристигна во Борусија Дортмунд за да напредува. Тој веќе го покажа својот квалитет во младинските селекции.
Во Младинската лига на шампиони тој постигна четири гола на четири настапи, во јуниорското првенство на Германија на 11 средби исто така постигна четири гола и додаде седум асистенции, поради што беше прекомандуван во првиот тим во јануари.
После пет настапи во Бундеслигата синоќа го направи своето деби во елитното натпреварување – Лигата на шампионите. Лусиен Фавре го фрли во оган против богатиот ПСЖ. Тој влезе во игра во 67-та минута, десет минути подоцна асистираше за победа.
Тој ја доби топката во центарот, ја придвижи неколку метри и ја додаде кон соиграчот Ерлинг Халанд, кој со топовски удар погоди за одличен триумф од 2-1.
Многу добар ефект за момче кое допрва ќе созрева. Се чини дека е подготвен да го наследи неговиот татко, па дури и да го надмине. Младиот играч од средниот ред стана најмладиот Американец што го направи своето деби и асистенција во Лигата на шампионите.
Инаку, неговиот татко Клаудио има 112 настапи за репрезентацијата на САД. Тој играше во Европа долго време. Настапуваше за Баер Леверкузен, Волфсбург, Глазгов Ренџерс, Сандерленд и Манчестер Сити.