Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел откри каква помош му понудил бившиот сопственик на премиерлигашот, Роман Абрамович.
Микел кажа дека неговиот татко бил киднапиран пред натпреварот против Аргентина на Мундијалот во Русија, а Абрамович му понудил помош.
„Татко ми беше киднапиран додека играв за репрезентацијата на Мундијалот во Русија. Два часа пред мечот против Аргентина добив повик од брат ми дека е киднапиран нашиот татко. Зборував со Абрамович, а тој ми кажа: Да испратам ли луѓе за да го спасат татко ти? Ми кажа дека може да испрати негови луѓе и веднаш да го извлече. Јас го прашав како би го направил тоа, а тој ми порача да не се грижам и да размислам за таа опција“, откри Оби Микел.