Таткото на Дијаз конечно ослободен од киднаперите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таткото на ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз конечно е пуштен на слобода, откако беше киднапиран на крајот на минатиот месец.

Родителите на Дијаз беа нападнати и киднапирани на 28 октомври од терористичка организација, но веднаш потоа полицијата ја ослободи мајката на фудбалерот, додека потрагата по таткото продолжи и понатаму.

Мисијата за спасување на таткото на Дијаз траеше две недели, а во неа учествуваа и хуманитарна комисија од Обединетите нации и Католичката црква.

Таткото на Дијаз со хеликоптер беше пренесен до семејството кое е среќно затоа што мажот конечно беше спасен од рацете на киднаперите.