Таткото на Ѓоковиќ се закани: Ако не го пуштат, одиме сите на улица!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се уште е затворен на аеродромот во Мелбурн, па конечна одлука за можен влез во Австралија се очекува околу 23.00 часот.

Ѓоковиќ во текот на денот пристигна во Мелбурн, но не му беше дозволено да влезе во државата, туку остана во „притвор“.

Србинот доби исклучок од австралиските власти за настап на Австралијан опен, но не може да влезе во Австралија поради административна грешка.

Одземан му е мобилниот телефон, а неговиот татко Срѓан кажа дека против него се однесуваат како криминалец.

„Не знам што се случува, ми го држат синот како затвореник. Ова е борба за слободен свет. Ова не е борба само за Ноле, туку за цел свет. Ако не го пуштат за половина час, ќе излеземе на улица“, кажа Срѓан.