Таткото на Гризман: Среќа што си само минувач во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антоан Гризман минатото лето стигна во Барселона од Атлетико Мадрид како големо засилување. Каталонскиот клуб плати 120 милиони евра, но Французинот не се прослави во првата сезона.

Барселона одигра реми (2-2) против Атлетико Мадрид, а Гризман против поранешниот клуб влезе во игра дури во 89. минута од дуелот. Поради тоа, тренерот на Каталонците, Кике Сетиен се најде на голем удар затоа што неговиот тим требаше да победи за да ги задржи шансите за титулата.

Оваа изјава го вознемири таткото на Гризман, Алејн, кој се јави на Инстаграм и ја коментираше целата ситуација.

„Ти си едноставно само минувач во Барселона. Јасно е дека нема уште долго да се задржиш и поради тоа нема да се нервирам премногу. Му даде две минути и тоа за него е понижување“, порача таткото на Гризман.