Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренер на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов повторно потвди дека бара 100 милиони евра за реванш против Конор Мекгрегор.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт по кам-бекот на Мекгрегор најави и негова пресметка против Хабиб, но веднаш се јави татко му кој постави цена од 100 милиони долари.
„Зборуваат за мене и 100 милиони долари? Нека зборуваат. Без тоа нема борба. За мене парите не се важни, туку спортската страна, но сега кога зборуваат за пари, јас ќе ви кажам дека без 100 милиони нема да се одржи борбата“, вели Нурмагомедов.
Хабиб на 18 април ја брани титулата против Тони Фергусон во Њујорк, а потоа најави дека би можел да има и боксерски натпревар.