Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерлинг Халанд беше многу блиску до трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, меѓутоа во последен момент се одлучи да потпише за тимот на Борусија Дортмунд.
Тоа испадна како вистински чекор затоа што младиот фудбалер продолжи да блеска во дресот на „милионерите“, а сега неговиот татко, Алфи Инге Халанд откри зошто не потпишал за Манчестер Јунајтед.
„Никогаш не знаете како би му одело во другите клубови. Можеби ќе беше добро ако избереше поинаква рута, но никогаш нема да имаме одговор на тоа. Мора да признам дека сме многу среќни со клубот во кој тој сега е. Мора да одите во клуб во кој сите таму ве сакаат, не само тренерот. Мислам дека тоа е најважна работа затоа што ќе биде многу опасно ако потпишеш за тренер на кој „му се тресе столицата“ и кој наеднаш може да биде отпуштен“ –изјави Алф Инге Халанд.
Со оваа изјава Халанд сениор веројатно мислеше на Оле Гунар Солскјер кој баш во тој период беше на тенок лед и беше пред отказ од Манчестер Јунајтед.