Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан Јовиќ, таткото на фудбалерот Лука Јовиќ, се јави по шпекулациите дека неговиот син може да заврши зад решетки во период од шест месеци.
Јовиќ во март имаше обврска да се самоизолира во период од 15 дена во Белград, но тоа не го почитуваше, па сега е поднесено обвинение и обвинителството побара од него да плати пет милиони динари или да оди во затвор.
Фудбалерот одбил да плати сума од пет милиони динари, па поради тоа сега се води случај против напаѓачот на Реал Мадрид, поради што во јавност се јави и татко му.
„Нема да давам изјави, зашто ако прозборам, тогаш многу луѓе ќе се најдат таму каде што сакаат да го стават Лука. Во затвор“, кажа Јовиќ за српските медиуми.