Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Единсон Кавани има доста плодна седумгодишна авантура во таборот на ПСЖ со кој освои шест титули во Лига 1, по пет титули во Купо и Лига купот и вкупно 195 голови.
Кавани е најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, а сега неговиот татко во разговор за шпанскиот „Мувистар“ изјави дека му кажал на Единсон Кавани дека нема шанси да освои Лига на шампиони со францускиот клуб.
– Еди секогаш ми вели дека сум негативен. Сепак, кога одеше во ПСЖ му реков дека ќе освои се во Франција, но дека никогаш нема да го види трофејот во Лигата на шампионите. Во фудбалот не се освојува се со пари, -истакна таткото на Кавани кој бил потполно во право барем до сега.
ПСЖ во годините наназад не успеа да стигне ни до полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување.