Таткото слави, а мајката плаче по дебитантскиот гол на Гују (Видео)

Талентираниот шпански фудбалер Марк Гују никогаш нема да го заборави дебито во дресот на Барселона затоа што со првиот допир со топката постигна гол против Атлетик Билба (1-0) и донесе победа за каталонската екипа.

Од трибините неговиот настап го следеа и родителите. Додека таткото се радуваше со високо кренати раце, неговата мајка плачеше од среќа.

Гују има само 17 години и беше прогласен за играч на натпреварот против Атлетик Билбао.