Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ пристигна во 2019 година во Реал Мадрид како големо засилување за 60 милиони евра, но за три сезони не ги оправда очекувањата.
Јовиќ секогаш беше во сенка на Карим Бензема, кој игра фантастично, па така Србинот слабо добиваше шанса да заигра и кога Французинот е повреден.
Легендарниот српски тренер Драгослав Степановиќ имаше татковски совет за српскиот напаѓач, кој одигра оваа сезона помалку од 500 минути за „кралевите“.
„Времето претставува голем проблем, Лука нема играно редовно три години. Никогаш не се знае кога ќе добие шанса. Треба да си оди во друг тим каде што ќе биде стандарден. Во Реал неговите шанси не се големи, мора да си замине од Мадрид“, вели Степановиќ.