Тажен и емотивен крај на големата кариера на Робен…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арјен Робен на тажен начин ја заврши кариерата во минхенски Баерн.

Искусниот 35-годишен офанзивец на крајот од сезоната ќе го напушти клубот во кој мина 10 години, но се чини дека тој со настапите за Баварците заврши.

Повредите беа составен дел од кариерата на Робен. Така е и сега, а токму поради една од нив, Холанѓнецот веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Не сум сигурен дали ќе играм за Баерн до крајот на сезоната. Ситуацијата е фрустрирачка бидејќи не знам што конкретно е во прашање“, истакна Робен за Скај Германија.

Робен последниот меч во дресот на баварскиот великан го одигра во ноември изминатата година. Беше тоа мечот од Лигата на шампионите против Бенфика и од тогаш холандскиот фудбалер е надвор од терените поради повредата.

Тажен е ова крај на една голема кариера во Минхен, а ако успешно закрепне Робен, кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига.

Во кариерата Робен настапи вкупно 305 пати за Баерн и постигна 143 погодоци.