Тажна слика: Мбапе во патерици тргна да си го земе медалот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе во првото полувреме против Сент Етјен во финалето на францускиот Куп заработи тешка повреда.

ПСЖ на крајот го доби мечот со 1-0, а Мбапе со солзи во очите го напушти теренот, по што на патерици пристигна да си го земе медалот.

По движењето на Мбапе можеше да се забележи дека Французинот заработил незгодна повреда, сепак и покрај тоа не сакаше да ја пропушти прославата.

Мбапе не можеше да го стави медалот сам, па на него му помогна Нејмар, кој беше во близина.