Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер ги стави на аукција личните работи, трофеи и сувенири во вредност од 200.000 фунти, за да собере пари да ги исплати долговите.
Репиката од трофејот на Вимблдон, Ју-Ес опен и Дејвис Куп, медалите и облеката се на аукција. Исто така, се продаваат рекети, часовници и многу други работи.
Аукцијата преку интернет ќе трае до 11 јули, а продажбата ја организираат стечајните управници. Шесткратниот гренслем освојувач прогласи банкрот во јуни 2017 година.
Аукцијата на неговите работи била претходно организирана, но одложена затоа што Бекер се повика на дипломатски имунитет од судската постапка.