Тажна вест од Србија: Поранешниот играч на Карпош Соколи почина на 38 години


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Српската кошаркарска заедница и целиот регион се во жалост поради прераната смрт на Драган Лабовиќ, кој беше познат репрезентативец на Србија и искусен интернационален играч.

Лабовиќ неочекувано го загуби животот на возраст од само 38 години, а според српските медиуми, причина за смртта е срцев удар. Оваа тажна вест е потврдена од страна на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).

Лабовиќ беше едно од оние лица кои создадоа значајно влијание на македонската кошаркарска сцена. Навивачите го паметат неговото блескаво време во тимот Карпош Соколи, каде што беше прав водач на екипата.

Фото: Принтскрин