Тажната судбина на Кантер: Не зборува со ниту еден сонародник поради Ердоган!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Центарот на Бостон селтикс, Енес Кантер откри дека не разговара ниту со еден негов сонародник во НБА-лигата, зашто не му се јавуваат поради неговото гласно противење против режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ерсан, Чеди Осман и Фуркан Коркмаз го игнорираат кога ќе се сретнат на натпреварите на најсилната кошаркарска лига.

„Тоа што најмногу ме боли е однесувањето на турските кошаркари во лигата. Тука се Ерсан, Осман и Коркмаз. Секогаш кога играме, тие не ми кажуваат ниту збор“, вели разочаран Кантер.

Познато е дека Кантер е противник на Ердоган, па поради тоа во татковината е прогласен за терорист.