Тажни вести од Италија: Почина Мино Рајола!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од најпознатите фудбалски менаџери, кои во текот на кариерата направија големи трансфери, Мино Рајола го загуби животот.

„Мундо Депортиво“ прв ја објави вестата дека Рајола починал по кратка болест.

Рајола заврши во болница во Милано во јануари по што имаше комплицирана операција, но никогаш во јавност не беа објавени детали за болеста.

Првите информации беа дека болеста не е опасна по живот, но сепак Рајола почина на 54-годишна возраст.