Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас ги известил тимовите дека најверојатно првенството ќе почне штрајк поради новите закони кои биле усвоени во Шпанија.
Колото кое треба да се игра од петок, 28 октомври до понеделник, 30 октомври, најверојатно нема да се одигра поради тоа што Шпанија ги промени законите и така е дозволено клубовите да се натпреваруваат во европска Суперлига.
Тебас и помалите шпански клубови се спротиставија на оваа идеја затоа што Реал Мадрид и Барселона сакаа да се преселат во Суперлигата за да добиваат повеќе пари.
Во април и мај 2021 година почнаа протести ширум Европа, а Тебас јасно кажа дека Суперлига нема да се создаде, но сепак со новите закони повторно е можно такво нешто.
Поради ова треба да има штрајк во Ла Лига додека Владата не ги промени законите.