Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас постојано го напаѓаше Манчестер сити поради преголемото трошење на пари.
„Граѓаните“ ќе одат на судење поради тоа што се обвинети дека 115 пати го прекршиле финансискиот фер-плеј, а Тебас открива дека им се подготвува казна.
Тебас од свои извори дознал дека премиерлигашот е во незавидна позиција, а исто така тврди дека разговарал со луѓе од неколку гиганти од Англија.
„Зборував со многу премиерлигаши и многу од нив сметаат дека Манчестер сити треба да добие санкција“, кажа Тебас.