До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја отвори темата за одигрување натпревари надвор од границите на Шпанија, овојпат посочувајќи ја можноста дел од шпанскиот шампионат да се пресели во Мароко.
Тебас нагласи дека постои сериозен интерес од навивачите во Мароко, како и добри логистички услови за реализација на ваква идеја. Според него, градот Казабланка би бил идеална дестинација за организирање натпревар од Ла Лига.
„Одигрување натпревар од Ла Лига во странство? Би размислиле за натпревар во Мароко. Со оглед на тоа колку навивачи има таму и колку е лесно да се патува, играње во Казабланка би било многу едноставно. Зошто да не?“, изјави Тебас.
















