Тебас создава „земјотрес“ во Шпанија: Барселона ќе остане без долгоочекуваното засилување!?


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Хавиер Тебас, претседателот на шпанската Ла Лига, нагласи дека во моменталната ситуација Барселона нема можност да го регистрира репрезентативецот на Шпанија и играч на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, поради финансиски препреки.

„Во моментот, Барселона не може да го регистрира Нико Вилијамс. Состојбата е јасна – мораат да ги подобрат своите финансии за да може да се размислува за нови засилувања“, изјави Тебас за шпанските медиуми.

Клубот од Каталонија долго време се соочува со компликации поврзани со финансискиот фер-плеј, што сериозно ги ограничи нивните можности на трансфер-пазарот. И покрај јасниот интерес за Вилијамс, Барселона прво треба да го стабилизира буџетот и да ослободи простор во платниот список пред да премине на официјални чекори.

Фото: Принтскрин