Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Јанис Адетокумпо славеше против тимот на Леброн Џејмс со 184-175 на Ол-стар мечот кој се одржа во Солт Лејк Сити.
Одлична ноќ имаше Џејсон Тејтум кој постигна дури 55 поени и така постави рекорд за најмногу поени на ол-стар натпревар.
Најдобар во екипата на Џејмс беше Браун со 35 поени, додека Ембид и Ирвинг постигнаа по 32 поени.
Дончиќ и Јокиќ немаа впечатливи настапи на Ол-стар натпреварот, иако доминираат во НБА-лигата од самиот почеток, па така двајцата постигнаа само по четири поени на мечот.