Телефонскиот разговор помеѓу Куман и Суарез траел помалку од една минута, познато е што разговарале


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми вчера објавија дека Роналд Куман му кажал на Луис Суарез дека нема да смета на него во новата сезона.

Куман беше официјално претставен како нов тренер на Барселона минатата недела, и тој се соочува со големи предизвици затоа што навивачите очекуваат тотален ремонт кај играчите. Холандскиот стручњак веќе прецрта неколку играчи на тимот, а меѓу нив е и Суарез.

Уругваецот, заедно со Лионел Меси, е главна надеж на тимот во последните шест години како член на Барселона, но се чини дека дојде време да се збогува. Суарез има едногодишен договор, но како што стојат работите, соработката ќе биде прекината.

Мундо Депортиво вчера објави дека Куман по телефон му кажал на Суарез дека не смета на него, иако Уругваецот е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Исто така, шпанските медиуми успеаја да откријат дека нивниот разговор траел помалку од една минута. Имено, Куман му рекол на Суарез да не смета на него, а тој рекол дека нема да создава проблеми доколку клубот повеќе не го сака, па затоа го прекинале разговорот.

Навивачите на Барселона не се многу воодушевени од овој потег на Куман затоа што веруваат дека Суарез заслужил да остане следната сезона.