Тен Хаг ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен!?


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Чаби Алонсо следната недела ќе биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а наскоро и неговиот, сега веќе поранешен клуб, Леверкузен би можел да промовира нов шеф на стручниот штаб.

Како што јавува добро познатиот инсајдер, Фабрицио Романо, Леверкузен договорил соработка со доскорешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Холандскиот тренер не се прослави на клупата на Манчестер Јунајтед. Помина таму две години и не ги исполни очекувањата на луѓето од клубот. За разлика од престојот на „Олд Трафорд“, поинаку беше кога беше тренер на Ајакс.

Тен Хаг го водеше Ајакс до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година, само неколку десетици секунди недостигаа до самото финале, но тоа не се случи. Ајакс е и сега заинтересиран да го врати некогашниот тренер, меѓутоа, Тен Хаг ја чека Германија.