Тен Хаг брутално ги понижил своите ѕвезди, а тие му подготвуваат одмазда!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг реши да ги казни своите фудбалери на необичен начин по поразот во градското дерби од 0-3.

Јунајтед игра лошо и оваа сезона, односно е далеку од борбата за титулата која ја очекуваа навивачите, па затоа најкритикуван во моментов е тренерот Тен Хаг.

Новинарот Нил Кустис објави што се случувало во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.

„Тен Хаг им наредил да седат и да молчат, односно да слушаат како се радуваат нивните ривали во другата соблекувална“, открива новинарот.

Овој потег може скапо да го чини Тен Хаг затоа што фудбалерите не биле среќни поради тоа и сакале да му се одмаздат, односно полека почнале да ја губат довербата во неговите квалитети.