Тен Хаг даде анализа за новиот пораз на „ѓаволите“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед пред неколку дена славеше со 3-0 против Кристал Палас во Карабао Купот, но вчера загуби со 0-1 во Премиерлигата од истиот тим.

Тренерот Ерик Тен Хаг го чека многу работа за да ги надмине проблемите со кои се соочува во клубот и даде анализа за новиот пораз.

„Многу е едноставно, дозволивме три шанси во текот на мечот. Имавме лоши одлуки во последната третина од теренот. Доаѓавме толку често на добри позиции, имавме тројца играчи во тој момент. Немавме влијание да стигнеме до нивниот гол. Квалитетот едноставно не беше доволно добар“ кажа Тен Хаг.

„Ѓаволите“ следниот натпревар го играат против Галатасарај во Лигата на шампиони.