Тен Хаг доби „зелено светло“ – троши 60 милиони евра за нова ѕвезда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед сè уште не заврши со преодниот рок, односно се очекува да ангажира уште неколку засилувања, а едно од нив треба да биде Мануел Угарте од ПСЖ.

Угарте сака да замине од францускиот шампион, откако не ги исполни очекувањата, а Јунајтед делува како одлична дестинација за неговата иднина.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат околу 60 милиони евра за Угарте, а таа сума би била прифатлива за англискиот гигант.

Доаѓањето на Угарте на „Олд Трафорд“ треба да ја отвори можноста за заминување на Скот Мектоминеј од премиерлигашот.