Тен Хаг е нов тренер на Манчестер јунајтед: Чест ми е да го водам овој клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед потврди дека Ерик Тен Хаг ќе им биде нов тренер од следната сезона, а потпиша договор до 2025 година.

Тен Хаг доаѓа од Ајакс и се очекува многу од 51-годишниот Холанѓанец, кој одлично го предводеше тимот од Амстердам.

„Многу сум возбуден. Голема чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед. Ја познавам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Способен сум да изградам тим кој ќе има успеси какви заслужува ваков клуб“, кажа Холанѓанецот.

Тен Хаг ќе треба да започне нова ера со „црвените ѓаволи“ после ужасната сезона во Премиерлигата.