Тен Хаг го доби првото засилување во Манчестер јунајтед!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Манчестер јунајтед потпиша со Холанѓанецот Тајрел Маласија, кој доаѓа од екипата на Феенорд, а со премиерлигашот потпиша четиригодишен договор.

Маласија ќе биде прво засилување за новиот тренер Ерик Тен Хаг, кој го следи од минатата сезона, откако блесна на мечот против Ајакс.

Тајлер за клубот од Ротердам одигра 136 меча, а за репрезентацијата на Холандија настапи на пет натпревари.

„Не можам да опишам како се чувствувам. Ова е ново поглавје за мене, ова е нова лига, нови соиграчи и тренер. Играв против неговите тимови во Холандија, познати ми се квалитетите и што бара од фудбалерите“, кажа новото засилување.