Тен Хаг го плати 100 милиони евра, но ептен го разочара во дербито со Сити


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во финишот на преодниот рок го ангажираше Антони за 100 милиони евра од Ајакс, кој на своето деби против Арсенал успеа да постигне гол.

Антони, сепак, доби критики од навивачите зашто во мечот против Манчестер сити не играл добро и изгледал „изгубено“ на теренот.

Тренерот Ерик Тен Хаг барал од Антони максимално да му помага на Далот во одбрана и напад, но Бразилецот не ги исполнил задачите.

Десната страна беше најлоша во дуелот против Сити, а Антони доби жестоки критики од Тен Хаг кој му кажал дека повеќе не смее тоа да се случува на теренот.

Во еден момент можеше да се забележи како Далот бара од Антони да му помага во одбраната, но очигледно Бразилецот тоа не го интересираше.