Тен Хаг го пронајде идеалниот наследник на Роналдо!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не игра како во претходните години и тоа може да се забележи на фудбалските терени, а навивачите повеќе немаат трпение за Португалецот, кој очигледно ќе го напушти Манчестер јунајтед.

Тренерот Ерик Тен Хаг веќе избрал замена за Роналдо и изборот наводно паднал врз талентираниот фудбалер на ПСВ, Коди Гакпо.

Гакпо беше желба на премиерлигашот и минатото лето, а сезонава игра фантастично и има постигнато повеќе од 10 гола и 10 асистенции.

Фудбалерот на ПСВ има само 22 години и Тен Хаг во него гледа решение за иднината, но и замена за Роналдо, кој најверојатно ќе си замина уште во јануари, а како следна дестинација се споменува Челси.