Тен Хаг го пронајде виновникот за поразот од Брајтон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Брајтон и остана без важни бодови во битката за пласман во Лига на шампиони (ЛШ).

Брајтон постигна гол во 99. минута од пенал преку Мекалистер, а тренерот Ерик Тен Хаг го откри виновникот за поразот.

Тен Хаг му се налути на судијата Маринер, кој досудил непостоечки прекршок пред пеналот.

„Мора да научиме од ова и да почнеме со реализација на шансите. Ние им подаривме победа. Исто така, немавме и среќа затоа што пред корнерот беше досуден прекршок кој не постоеше“, кажа Тен Хаг.