Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг нема милост за никого, па решил да се ослободи од двајца фудбалери, а тоа се Алекс Телеш и Итан Лерд.
Тен Хаг планира да смета на Лук Шо и Тајрел Маласија за следната сезона, па во следниот период ќе се обиде да го продаде Телеш кој пристигна во 2020 година за 15 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Вториот фудбалер кој си заминува е десниот бек Итан Лерд, кој оди на позајмица, а како негов следен клуб се споменува Вотфорд, кој неодамна испадна од Премиерлигата.
Досега екипата од „Олд Трафорд“ ја напуштија Переира, Погба, Лингард, Матиќ, Мата и Кавани, додека на позајмица заминаа Дин Хендерсон и Алваро Фернандез.