Тен Хаг кажа како треба да играат ако сакаат позитивни резултати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг не е задоволен по дебаклот од Манчестер сити (3-6) во градското дерби во претходното коло, но кажа дека ги поддржува неговите фудбалери и очекува да играат попаметно во иднина.

Тен Хаг посочи дека сите работат напорно на тренинзите и преземаат одговорност на теренот, па затоа ќе ја добијат неговата поддршка.

„Јас целосно ги поддржувам моите фудбалери. Но, нашите амбиции се големи и мора да играме на повисоко ниво. Секој фудбалер треба да преземе одговорност и мора да бидеме похрабри. Исто така, треба да играме попаметно. Добиваме многу жолти картони, но некои одлуки не ги разбирам за казна“, вели Тен Хаг.