Тен Хаг кажа кој е виновен за поразот од Вест хем (Видео)


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Вест хем со 0-1 и така го загрози четвртото место во Премиерлигата, а со тоа и местото во Лигата на шампиони (ЛШ) за идната сезона.

„Ѓаволите“ губат два натпревари по ред, а против „чеканите“, Давид Де Хеа направи голема грешка и прими гол, но Ерик Тен Хаг застана во негова одбрана.

„Сите сме виновни за поразот. Треба да направиме анализа зошто на последните натпревари во второто полувреме играме лошо. Давид направи сериозна грешка, но тоа е дел од фудбалот. Тој сезонава имаше многу натпревари без примен гол“, кажа Тен Хаг.