Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг се соочи со првите главоболки пред почетокот на летниот преоден рок затоа што не може да си ги договори посакуваните засилувања.
Причина за тоа се лошите резултати на Јунајтед, кој не обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ), па Тен Хаг лесно би можел да остане и без Френки Де Јонг, кој беше на листата со желби.
Де Јонг чини околу 70 милиони евра, а „ѓаволите“ се борат за неговиот потпис, но во битката се вклучил и Манчестер сити.
„Граѓаните“ сакаат да им ги расипат плановите на градските ривали и да го добијат талентираниот фудбалер од Холандија за кој Пеп Гвардиола смета дека е идеален фудбалер во средниот ред и засилување за следните години.