Тен Хаг ќе добие засилување за кое е заинтересиран Реал Мадрид?

Ерик Тен Хаг долго време се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, но најверојатно нема да се случи тоа, односно клубот планира да го задржи уште една сезона, а во меѓувреме почна да работи на нови засилувања.

Тен Хаг со освојувањето на ФА-купот си ја спаси работата, а управата сака да го ангажира Лени Јоро од Лил кој привлече голем интерес од европските гиганти.

За услугите на Јоро беше заинтересиран и Реал Мадрид, но „кралевите“ не сакаат да платат повеќе од 30 милиони евра, додека гигантот од Манчестер е подготвен да потроши двојно повеќе.

Јоро минатата сезона настапи на 44 меча за францускиот прволигаш Лил, а притоа постигна и три гола.