Тен Хаг ќе го добие првото засилување од Челси!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сака да го „ограби“ големиот ривал Челси во летниот преоден рок, како што пишуваат англиските медиуми, па така прво засилување на Ерик Тен Хаг треба да стане Н’Голо Канте од Челси, а не Френк Де Јонг од Барселона.

„Дејли Мирор“ објави дека новиот тренер на Манчестер јунајтед летово ќе прави ремонт на екипата и се очекуваат голем број засилувања, но првото треба да стигне од Лондон затоа што „ѓаволите“ ќе останат без услугите на Пол Погба и Немања Матиќ.

Канте има уште една година од договорот со Челси, а на теренот покажува зошто е на врвот долго време, па тоа сака да го искористи Јунајтед и да испрати примамлива понуда.

Тен Хаг ќе сака и нови засилувања во одбраната, а веќе се шпекулира дека ќе пристигне Калиду Кулибали од Наполи.