Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед ги договори личните услови со Расмус Хојлунд, но не може да постигне договор со неговиот клуб, а тоа сака да го искористи ПСЖ.
Парижаните остануваат без услугите на Килијан Мбапе и сакаат негова замена, па наводно изборот паднал токму на Хојлунд.
За разлика од „црвените ѓаволи“, ПСЖ е подготвен да плати речиси 100 милиони евра за еден од најталентираните фудбалери во светот.
Хојлунд за многумина е „новиот Ерлинг Халанд“, а за неговите услуги долго време сонуваше тренерот на премиерлигашот, Ерик Тен Хаг, но доколку „ѓаволите“ не направат конкретен потег во следниот период, тогаш би можеле да останат без засилување.