Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер јунајтед прави ремонт на екипата за следната сезона, а на листата за отстрел се наоѓаат дури седум фудбалери.
„ѓаволите“ веќе се засилија со Џошуа Зиркзе, Лени Јоро, а се очекува да бидат купени уште неколку фудбалери.
Премиерлигашот води преговори со Мануел Угарте од ПСЖ и со Баерн Минхен за Нусаир Мазрауи и Матијас Де Лихт.
Гигантот од „Олд Трафорд“, сепак ќе треба да продаде дел од играчите, а на списокот се Хари Мегваер, Скот Мектоминеј, Антони, Џејдон Санчо, Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисака и Кристијан Ериксен.
            














