Тен Хаг ќе се „спаси“: Премиерлигаш заинтересиран за Мегваер


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед се обидува да се ослободи од Хари Мегваер, кој се покажа како големо разочарување, а сега се појави еден заинтересиран тим.

Вест хем сака да го купи Мегваер, откако го продаде Деклан Рајс во Арсенал за 105 милиони фунти.

Екипата од Лондон се очекува да потроши околу 40 милиони фунти за трансферот на Мегваер, иако „ѓаволите“ за него претходно платија 80 милиони фунти.

Вест хем оваа сезона има повисоки амбиции од претходната година и затоа тренерот Дејвид Мојс сака да ангажира неколку квалитетни засилувања.