Тен Хаг ќе се засили со големо разочарување на Челси!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер јунајтед во јануари планира да ангажира неколку засилувања, а медиумите пишуваат дека една од желбите на тренерот Ерик Тен Хаг е германскиот репрезентативец Тимо Вернер.

Германски „Скај“ објави дека „ѓаволите“ веќе покажале интерес за поранешниот фудбалер на Челси, кој разочара со настапите во Лондон.

Вернер сака да се врати во Премиерлигата оваа зима, па „Олд Трафорд“ изгледа како примамлива дестинација за него.

Германецот не добива многу простор ниту во Лајпциг, каде што беше незаменлив пред да се пресели во Челси.